Член на обезбедувањето на премиерот заврши во притвор со кривична за напад врз сопругата
Член на обезбедувањето на премиерот заврши во притвор со кривична за напад врз сопругата. Мицкоски вели – ова покажува дека законите важат подеднакво за сите. Опозицијата бара оставка од Тошковски...

Кривична пријава против член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски поради физички напад врз неговата 37-годишна сопруга. Одреден му е притвор, ќе се гони за нанесување телесна повреда. Постапка против него отвори и внатрешната контрола, со мерка за отстранување од работното место.
„Р.Р. е лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во траење од осум дена“, соопштија од МВР.
Премиерот Мицкоски порача дека случајот со семејно насилство, во кој е инволвиран припадник на неговото пошироко обезбедување, е јасен доказ дека во државата нема повластени и дека законите важат еднакво за сите.
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни, Панче Тошковски.
Настанот се случил на 2 мај, кога неговата 37-годишна сопруга пријавила дека била физички нападната во семејниот дом, каде што ѝ биле упатувани и закани.
При нападот, на оштетената ѝ бил скршен и мобилниот телефон.
Борис Грујоски
