Инфлацијата и стандардот во фокус, власта и опозицијата со различни гледишта
Додека опозицијата предупредува на влошување на животниот стандард, Владата се повикува на извештаи од меѓународни институции и најавува стабилни економски движења.

Според опозицијата, секој петти граѓанин во земјава живее под прагот на сиромаштија. Филипче ја обвини власта за непреземање мерки за заштита на стандардот на граѓаните додека синдикалната кошничка поскапува, а инфлацијата расте. Алармира и за зголемување на дефицитот. Буџетската дупка, вели, се полни со нови задолжувања.
Според власта, за соодветната економска политика и преземените мерки во време на глобална криза, говорат извештаите на меѓународните финансиски институции.
Растот на инфлацијата во Еврозоната во април се очекува да се прелее и во Македонија. Инфлацијата која се однесува на прехранбените производи, премиерот Мицкоски не очекува да биде повеќе од еден процент, споредено со март.
И додека власта и опозицијата се обвинуваат за економските политики, пазарниот инспекторат порачува дека будно ја следи состојбата на терен.
Александра Велинова
