Четирисезонски туристички центар во Битола
Експерти од Франција, Андора и од Словенија ја презентираа деталната анализа од подготовката на физибилити студијата за „Гондола на Пелистер“ пред советниците на Битола. Проектот би чинел 58 милиони евра.

Ќе добијат ли битолчани нов четирисезонски туристички центар? Експертите сметаат дека гондолата на Пелистер ќе ја доближи недопрената природа на националниот парк до секој кој ќе сака да ужива во неа, ќе поттикне поголем развој на туризмот, но и спорт во четири сезони.
Жичницата да тргнува од месноста Цапари, па се до врвот на Пелистер. Попатно да застане крај новоизградени ресторани и кафетерии е дел од замислата на стручните лица. Идејата се вклопува во структурата на Националниот парк „Пелистер“
Предлагачот на идејата за гондола на Пелистер, Чулаковски смета дека концептот на генералниот план треба да биде поинаку.
Деталната анализа од подготовката на физибилити студијата од страна на домашни и странски експерти од Франција, Андора и од Словенија беше презентирана пред битолските советници. Сметаат дека проектот е економски исплатлив и ќе носи многу туристи. Истиот ќе чини 58 милиони евра, но за да го реализира градот ќе треба помош од државата, нагласија.
Ружица Аџикотарева Ѓоршевска
