Европа

Романија: Парламентот изгласа недоверба на владата предводена од Боложан

05.05.2026 18:52

За предлогот гласале вкупно 281 пратеник, четири пратеници биле против, додека три гласа биле неважечки.

Парламентот на Романија изгласа недоверба на владата предводена од Боложан. За предлогот гласале вкупно 281 пратеник, четири пратеници биле против, додека три гласа биле неважечки.

„Време е за национално помирување, време е за надеж. Да, ние ја преземаме одговорноста за иднината на оваа земја, одговорноста за идната влада и за враќање на надежта кај Романците“, изјави Џорџ Симион, претседател на Алијанса за обединување на Романците.

Предлогот за гласање недоверба, под наслов „Стоп на боложановиот план за уништување на економијата, осиромашување на населението и незаконска продажба на државен имот“, го потпишале 254 пратеници.