Тешка одлука...

19.09.2014 14:07

По 15 години професионална тениска кариера и 9 освоени ВТА титули кнеската тенисерка НА Ли на свој 32 години се повлекува. Единствената причина поради која тенискиот свет ќе биде покус за воздржаната и секогаш одмерена На Ли, е хроничната повреда на десното колено.

 ”По 4 операции и стотина примени инекции за ублажување на болката или отокот, моето тело ме моли веќе да не го напаѓам“-кусо кометира за својата децидна одлука На Ли.

Таа во својата кариера може да се пофали со два грен слем трофеи (Роланд Гарос 2011-тата и австралија опен 2014-та). Најголемиот дострел во ВТА поредокот го бележи на второто место на престижната скала. До денеска таа фигурираше како 6-та светска тенисерка, а свој настап немаше од третото коло на Вимблдон кога коленото беше причина за нејзината рана елиминација.