Здравство

ФЗО ги проверува лажните боледувања

05.05.2026 17:56

Фондот за здравство бара модел како да ги запре лажните боледувања. Контролите се двојно зголемени. Директорот Клековски зборуваше и за можноста, породилното боледување да се зголеми на 12 месеци.

По МВР, и министерството за одбрана бара ФЗО да ги провери боледувањата на нивни вработени. Инспекторите лани направиле двојно повеќе контроли споредено со 2024-та. За да се отстранат детектираните аномалии, формирана е работна група за измени на правилникот за боледувања.

Закана од абортус, патолошка бременост или нега на член на семејството се чести дијагнози, па фондот прави анализа дали мајките да имаат повеќе време за чување на бебето.

Доцнењето на исплатата на породилното не е поради немање пари, туку поради административни процедури, вели Клековски.

Наташа Јанчиќ Менковски