Скопје без ЕП, завршницата во Лондон!
Скопје и „Националната Арена Филип Втори“ не ги исполнуваат условите, па и покрај кандидатурата, Македонија нема да биде домаќин на натпревари од Европското првенство во фудбал во 2020-та, коешто за првпат во историјата ќе се одржи во 13 градови во различни земји. Ваквата одлука УЕФА ја донесе почитувајќи ги критериумите, формирани меѓудругото и врз основа на политичко – безбедносната ситуација во земјите кандидатки, инфраструктурната покриеност и сообраќајната поврзаност со преостанатиот дел од Европа.

Скопје и „Националната Арена Филип Втори“ не ги исполнуваат условите, па и покрај кандидатурата, Македонија нема да биде домаќин на натпревари од Европското првенство во фудбал во 2020-та, коешто за првпат во историјата ќе се одржи во 13 градови во различни земји. Ваквата одлука УЕФА ја донесе почитувајќи ги критериумите, формирани меѓудругото и врз основа на политичко – безбедносната ситуација во земјите кандидатки, инфраструктурната покриеност и сообраќајната поврзаност со преостанатиот дел од Европа. Покрај нашиот главен град, од конкуренција испаднаа и Софија, Стокхолм, Кардиф, Минск и Ерусалим.
Откако Германија ја повлече кандидатурата за организација на полуфиналните и натпреварот за титулата, со идеја да ги зголеми шансите да биде самостоен домаќин на Европскиот шампионат во 2024-та година, завршницата на континенталното првенство за шест години ќе се одигра на Вембли во Лондон.
Четвртфиналиња и мечеви во првиот круг ќе се играат во Минхен, Баку, Санкт Петерсбург и во Рим, додека домаќини на дуели од фазата по групи ќе бидат уште и Копенхаген, Букурешт, Амстердам, Даблин, Билбао, Глазгов, Будимпешта и Брисел.
