Двајца убиени и тројца ранети во пукотница во Тексас
Полицијата соопшти дека го уапсила осомничениот маж од аизко потекло и дека нема непосредна закана за јавноста. Според властите, нападот не бил случаен...

Двајца убиени и тројца ранети во пукотница за време на деловен состанок во трговски центар во Каролтон, Тексас. Полицијата соопшти дека го уапсила осомничениот маж од аизко потекло и дека нема непосредна закана за јавноста. Според властите, нападот не бил случаен. Истрагата за мотивите и нивниот меѓусебен однос продолжува.
„По пристигнувањето, полицајците ги пронајдоа жртвите со очигледни прострелни рани. Тројцата ранети се во стабилна состојба. Осомничениот е идентификуван како Сеунг Хан Хо, 69-годишен азиски маж, а полицајците успешно го приведоа по кратка брканица. Жртвите се среќавале со осомничениот од деловни причини. Ова не е случаен чин на пукање“, изјави Роберто Аредондо, Шеф на полицијата во Каролтон.
