Иран

Загинати и повредени во пожар во трговски центар во Андишех

06.05.2026 14:39

Осум луѓе загинаа, а десетици се повредени во пожар во трговски центар во градот Андишех, во близина на Техеран...

Осум луѓе загинаа, а десетици се повредени во пожар во трговски центар во градот Андишех, во близина на Техеран. Огнот избувнал во трговски центар, но причините засега се непознати. Властите сè уште го истражуваат инцидентот.

На терен интервенирале противпожарни и спасувачки екипи, а густ чад се издигал од зградата.

Според првичните информации, нема индикации дека пожарот е поврзан со безбедносната ситуација во регионот.