Авиосообраќај

Над 13.000 летови откажани поради кризата со гориво

06.05.2026 09:04

Порастот на цените на авионското гориво поради конфликтот на Блискиот Исток доведе до откажување на околу 13 илјади летови ширум светот...

Порастот на цените на авионското гориво поради конфликтот на Блискиот Исток доведе до откажување на околу 13 илјади летови ширум светот, при што се укинати околу два милиони седишта од летните распореди, покажуваат податоци на „Цириум“.

Најголем пад е забележан на аеродромите во Истанбул и Минхен, а авиокомпании како „Туркиш ерлајнс“ и „Луфтханза“ направиле значајни намалувања на летовите. Дел од превозниците користат помали авиони или целосно ги откажуваат рутите.

И покрај тоа, некои компании најавуваат дека ќе ги задржат летните распореди, додека експертите предупредуваат на можен недостиг на гориво доколку кризата продолжи.