„Браќа Манаки“ завршува со премиера на „Деца на Сонцето“
„Деца на Сонцето“ е снимен во Преспа, место кое, според режисерот Антонио Митриќески, визуелно не е доволно искористено...

Македонскиот долгометражен филм „Деца на Сонцето“ по неодамнешната проекција во Кан, вечер во Битола ќе ја има својата македонска премиера и ќе го затвори 35-то издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
„Деца на Сонцето“ е снимен во Преспа, место кое, според режисерот Антонио Митриќески, визуелно не е доволно искористено.
„Во овој проект ме водеше фимскиот јазик на неореализимот, филмот неодамна беше прифатен од публиката во Кан, продаден е на американски дистрибутер, а е поканет на фестивал во Лондон, САД, Канада и во Азија“, истакна Митриќески.
Насловот на филмот „Деца на Сонцето“ е инспириран од Сонцето како извор на енергија.
Во филмот настапуваат актери од сите генерации, доајените Милица Стојановска и Мето Јовановски, потоа Билјана Танески, но и млади неафирмирани актери за кои како што рече Митриќески, ја исполниле неговата желба да бидат успешни дебитанти.