Хрватска

Тешка сообраќајна несреќа во Хрватска, загина возач на камион

06.05.2026 12:17

Тешка сообраќајна несреќа се случи на кај Среданци, кога камион ја пробил заштитната ограда, преминал на спротивната лента, удрил во далновод и се запалил.

Трагедија на автопатот во Хрватска. Тешка сообраќајна несреќа се случи на кај Среданци, кога камион ја пробил заштитната ограда, преминал на спротивната лента, удрил во далновод и се запалил.

Возачот, за кого неофицијално се наведува дека е државјанин на Македонија, останал заробен во кабината и починал на лице место. Истрагата треба да ги утврди причините и околностите за несреќата.