Дебар

Повторното судење за случајот со родилката во Дебар

06.05.2026 12:39

Повторното судење за лекарите Блертон Асани и Лилјана Јовановска, второ и трето обвинетите во случајот со родилката во Дебар, која при породувањето во струшката болница остана без матка, јајник и бубрег...

Со струшкиот Основен суд е закажано повторното судење за лекарите Блертон Асани и Лилјана Јовановска, второ и трето обвинетите во случајот со родилката во Дебар, која при породувањето во струшката болница остана без матка, јајник и бубрег.

Апелација ја потврди затворската казна за првообвинетиот гинеколог Мухамед Асани, а за двајцата обвинети кои беа ослободени од вина предметот е вратен на повторно судење. Според судијата Јованов во пресудата која е вратена од апелација немало забелешки што да се преземе и на утрешното рочиште ќе бидат повторени материјалните докази, по што следува пресудата.

Овој судски процес трае околу три години.