Се поголем број жртви на семејно насилство, освен полицијата, на увид повикуваат и лекари
Со страв за загрозен живот и акутен стрес сè поголем број на жртви на семејно насилство ја повикуваат Итната медицинска помош. Само во март имало над 100 пријави.

Зголемен број повици за семејно насилство во Итната медицинска помош. Ѕвонат жртвите, но и полицијата за да бара вклучување на лекари. За разлика од порано, кога докторите биле повикувани само кога имало физички повреди, сега одговорноста за жртвата е поголема.
Психијатарот Елена Карева – Пиловска од Брзата помош вели, стравот за загрозен живот и акутен стрес ги спречува понатамошните животни функции на жртвата и затоа мора веднаш да се понуди помош.
И од првиот семеен центар за жртви на насилство во Скопје бележат пораст на баратели на нивните услуги, но сметаат дека помош од стручна поддршка е потребна во цела држава.
Во март за 100 проценти е зголемен бројот на пријави за семејно насилство, покажуваат податоците на МВР.
Наташа Јанчиќ-Менковски
