Дебата

Историјата во служба за надминување на споровите

06.05.2026 12:56

Како би можеле да влијаат позитивните практики од Европската унија на подобрување на односите меѓу државите? Како историјата треба да биде потсетник за она што се случувало и како да се искористи сето тоа во денешна констелација? Дебатираат историчарите во рамки на дијалогот во организација на Институтот за историја и Конрад Аденауер...

Како би можеле да влијаат позитивните практики од Европската унија на подобрување на односите меѓу државите во нашиот случај сега со соседна Бугарија. Очекуваат историчарите од циклусот дискусии кои ќе се одвиваат во организација на Институтот за историја и Конрад Аденауер. Како историјата треба да биде потсетник за она што се случувало и како да се искористи сето тоа во денешна констелација.

Дипломатијата пак порачува да се следи патот кон Унијата зашто тоа е бенефит кој земјава го заслужува.

„Традицијата, геостратешкиот интерес, економското значење, сето тоа сакам да е го видиме кога Северна Македонија ќе го добие своето место во Европската унија“, изјави Пауло Палминтери, амбасадор на Република Италија во земјава.

„Долг беше преговарачкиот процес но голема е разликата меѓу тоа што бевме пред и што сме после тоа“, изјави Рафаел Соријано Ортиз, амбасадор на Шпанија во земјава.

Нашата цел како фондација која е еден од основачите на Унијата е да ги проектираме идните чекори и настани осврнувајќи се на конфликтите од минатото и пронаоѓањето на решенијата вели првиот човек за регионов Даниел Браун.

Ова е прв од серијалите за импутот на историските текови во Европската унија од нејзиното создавање до сега.

 

Фиљана Кока