Уставен ја отфрли иницијативата за пензиите на пензионерите од странство
Во иницијативата се тврдеше дека спорните членови го ставаат подносителот во нееднаква и дискриминирачка положба во однос на пензионери кои живеат во државата, бидејќи правото на пензија му се ограничува врз основа на местото на живеење.

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за нарушено право на пензионерите коишто живеат во странство, а беа изземени од линеарното покачување на пензиите.
Во иницијативата се тврдеше дека спорните членови го ставаат подносителот во нееднаква и дискриминирачка положба во однос на пензионери кои живеат во државата, бидејќи правото на пензија му се ограничува врз основа на местото на живеење.
Известителот судија Добрила Кацарска смета дека линеарното покачување на пензиите не е уставна категорија.
Претходно уставните судии донеле одлука да не покренат постапка за линеарното покачување на пензиите.
