Конференција

Нова енергија во процесот на проширување на ЕУ

06.05.2026 17:47

Членството на Македонија во Европската унија е наша стратешка определба уште од прогласувањето на независноста, но во моментов, на процесот му е потребна нова, свежа енергија. Ова беше констатирано на конференцијата со наслов „30 години на европскиот пат – следни чекори“.

Членството на Македонија во Европската унија е наша стратешка определба уште од прогласувањето на независноста. Во изминативе 30 години, неколку работи се константа, а тоа е поддршката што македонските граѓани ја даваат за нашето членство во Европската унија, но и поддршката што европските земји и ја даваат на Македонија. Сепак, периодов, на овој процес му е потребна свежа енергија.

Ова беше констатирано на конференцијата насловена, „30 години на европскиот пат, следни чекори“. Нашата цел е јасна и непроменета од самиот почеток, а тоа е полноправно членство во Европската унија, порака од конференцијата.

Почетокот на пристапните проговори со европската унија има големо значење за Македонија, но проширувањето е важно и за Брисел, со цел да не се дозволи постоење на црни точки во Европа, во контекст на соочувањето со глобалните предизвици, истакна евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас.

Оваа конференција се случува во критичен момент за иднината на проширувањето на Унијата, со цел да се разгледа постигнатиот напредок, но и да се потврди стратешката посветеност на Македонија, истакнаа учесниците.

Марија Котовска