Новиот пазар за струја овозможува тргување во реално време за поефикасно и стабилно снабдување
Со новиот Пазар за струја во тековен ден ќе се овозможи тргување со електрична енергија во реално време. Очекуваните придобивки сè поголема ефикасност, стабилност и транспарентност при снабдувањето со струја...

Институциите се блиску до докажување на индициите за реекспорт на гориво од земјава во соседството. Доколку се утврдат злоупотреби ќе се бара одговорност, дециден е премиерот.
Во време на енергетска криза која притиска и на цената на струјата МЕМО го започна тргување со електрична енергија во текот на денот на испорака. Пазарот се очекува да обезбеди поголема сигурност и флексибилност на системот.
Според ресорната министерка Божиновска ќе овозможи и подобро балансирање меѓу понудата и побарувачката.
Овој чекор е приближување кон европските енергетски пазари и практики.
Новиот пазар се очекува да придонесе за поголема транспарентност, ефикасност и снабдување.
Александра Велинова
