Нова турска инвестиција вредна 3 милиони евра влегува во Македонија
Компанијата „Про лајн“ ќе гради фабрика за материјали од пластика. Вредноста на инвестицијата е 3 милиони евра...

Уште една нова турска инвестиција во земјава. Компанијата „Про лајн“ ќе гради фабрика за материјали од пластика. Вредноста на инвестицијата е 3 милиони евра.
„По мојата прва посета одлучивме да инвестираме во Македонија. За неколку месеци одлучивме да започнеме со изградба на нашата фабрика и со нас сакаат да инвестираат уште пет други пријатели инвеститори. Македонскиот пазар во поглед на европскиот пазар и економија дава премногу предности“, изјави директорот на компанијата, Алтан Чургелич.
Турскиот инвеститор го објасни својот план за инвестирање:
„Во однос на првата инвестиција на мојата компанија размислуваме да биде околу 3 милиони евра и да обезбеди 50 вработувања од моја страна, а останатите мои бизнис партнери се заинтересирани да инвестираат повеќе или помалку, но тие се се уште во фаза на подготовка на нивниот проект“, рече Чургелич.
Привршува владиното роуд шоу низ богатите турски области. Владината делегација предводена од премиерот Груевски се сретна со претставници од над 50 турски компании. Денеска на бизнис форум во Мерсин беа претставени поволностите за инвестирање во Македонија.
