Македонија

Македонецот кој загина во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска е од Струмица

06.05.2026 17:18

Возач на камион од Македонија загина во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска. Во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата...

Возач на камион од Македонија загина во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска. Станува збор за македонски државјани од Струмица, кој управувал товарно возило за транспортна фирма од Куманово.

Според првичните информации, камионот излетал од коловозот, ја пробил централната заштитна ограда, удрил во столб за улично осветлување и потоа преминал на спротивната лента, по што избувнал пожар.

Во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.