Свет

Холандскиот крузер погоден од хантавирус пристигнува на Тенерифе

06.05.2026 21:03

Шпанското Министерство за здравство уверува дека лицата што сè уште се на бродот не покажуваат симптоми на вирусот...

И покрај противењето на Канарските острови, Шпанија реши, холандскиот крузер кој отплови од Аргентина на 1-ви април, а беше погоден од хантавирус, да се закотви на секундарно пристаниште во близина на аеродромот во Тенерифе.

Шпанското Министерство за здравство уверува дека лицата што сè уште се на бродот не покажуваат симптоми на вирусот.

На брод, од епидемија на хантавирус што го пренесуваат глодари досега починаа три лица. Јужна Африка потврди дека меѓу жртвите е идентификуван андијски сој на вирусот, кој во ретки случаи може да се пренесува меѓу луѓето преку многу близок контакт.

СЗО соопшти дека ризикот за пошироката јавност е низок и нема простор за паника или ограничување на патувањата.