СПЦ го објави писмото кое го испрати до архиепископот г.г. Стефан
Синодот на Српската Православна Црква го објави писмото испратено до архиепископот на МПЦ –Охридска Архиепископија г.г. Стефан. Во него српските владици застануваат во одбрана на Јован Вранишковски со тврдење дека тој не направил злоупотреба на службената положба и не перел пари, а дека неговото затворање е последица што тој стапил во црковно единство со СПЦ.

Во писмото и официјално пишува дека српската црква нема да започне никакви преговори се додека Вранишковски е во затвор, а дека против македонскиот архиепископ е покренат црковно судски спор за негово расчинување, бидејќи тој бил најодговорен за останувањето на МПЦ Охридска Архиепископија во раскол. Писмото е потпишано од српскиот патријарх Иринеј. Синодот на МПЦ на синодска седница ќе го разгледува писмото, по што ќезаземе став. Иако е познато дека владиците рекоа дека не се мешаат во судската власт и одлуки.