Временска прогноза

Променливо облачно со повремен локален дожд

07.05.2026 08:18

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.