Во Кривичен денеска пресуда за Стојанче Јовановски
Во Кривичниот суд треба да биде соопштена пресудата за Стојанче Јовановски, обвинет за телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство, и помагање на самоубиство на сопругата Ивана и нивната шестгодишна ќерка Катја. Обвинителството бара максимална казна, за која збирно од трите кривични дела е обвинет 13 години затвор...

Во Кривичниот суд треба да биде соопштена пресудата за Стојанче Јовановски, обвинет за телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство, и помагање на самоубиство на сопругата Ивана и нивната шестгодишна ќерка Катја. Обвинителството бара максимална казна, за која збирно од трите кривични дела е обвинет 13 години затвор.
Насилството не било изолиран инцидент, туку резултат на подолго физичко и психичко малтретирање. Одбраната на Јовановски пак, тврди дека обвинителството не успеало да докаже дека на критичниот ден тој и ги нанел повредите на сопругата, ниту дека постои причинско-последична врска за наведувањето на самоубиство.
Јовановски пред судот се изјасни дека сведоците не ја зборувале вистината, а вината за трагедијата ја префрли на други лица.
