Одбележување
Денеска се одбележува Денот на македонската полиција
07.05.2026 08:32
Секогаш први на терен, соочување со предизвиците, несреќи, кризни ситуации, терористички закани, секојдневното справување со криминалот и корупцијата...

Денеска се одбележува Денот на македонската полиција. Секогаш први на терен, соочување со предизвиците, несреќи, кризни ситуации, терористички закани, секојдневното справување со криминалот и корупцијата. Овогодинешното одбележување на Денот на полицијата е посветено на борбата против родово базирано и семејно насилство, тема од исклучително значење за целото општество.
Преку заедничка порака, институциите и граѓаните испраќаат силен апел за препознавање, пријавување и спречување на насилството. Вечер во паркот „Школка“ ќе се одржи и музички хепенинг.
