Дипломатија
Генералниот секретар на Советот на Европа во официјална посета на земјава
07.05.2026 08:05
Ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски...

Во прва официјална посета на Македонија, генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. Ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Во рамки на посетата на Берсе, се предвидени средби со државниот врв, со ресорни министри, како и низа други активности поврзани со соработката со оваа значајна меѓународна организација, посветена на промоцијата на човековите права, владеењето на правото и демократските вредности.
