Иран

Можен крај на војната, Иран пред одлука

07.05.2026 09:14

Американскиот претседател Трамп изјави дека САД се блиску до договор, но дека исходот зависи од прифаќањето на условите од Техеран. Тој потврди дека во последните 24 часа имало „многу добри разговори“...

Во исчекување на одговорот од Иран на американскиот предлог за завршување на војната, американскиот претседател Трамп изјави дека САД се блиску до договор, но дека исходот зависи од прифаќањето на условите од Техеран. Тој потврди дека во последните 24 часа имало „многу добри разговори“, но повтори дека нема да се дозволи Иран да добие нуклеарно оружје, додавајќи дека во спротивно ќе следи ескалација и бомбардирања.

„Имавме многу добри разговори во последните 24 часа и е многу можно да постигнеме договор. Тие очајно сакаат договор, но Иран не може да има нуклеарно оружје“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.

Шефот на иранската дипломатија Багеи изјави дека предлогот сè уште се разгледува и ќе биде доставен став преку посредници, додека парламентарни претставници документот го оценија како „список на желби“ и предупредија на „суров одговор“ доколку не се прифатат условите. Тензиите остануваат високи по новите правила на Иран за Ормускиот теснец и пресретнат танкер од страна на американските сили, како и израелски напад врз командант на Хезболах во Бејрут.