Ватикан

Рубио на средба со папата Лав XIV

07.05.2026 12:09

Рубио на средба со папата Лав XIV во Ватикан, во момент на затегнати односи меѓу Вашингтон и Светата столица, по критиките на Трамп кон папата ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио на средба со папата Лав XIV во Ватикан, во момент на затегнати односи меѓу Вашингтон и Светата столица, по критиките на Трамп кон папата за неговите ставови за војната во Иран и миграциите.

Се очекуваат разговори на повеќе теми, меѓу кои Иран, Куба и хуманитарната соработка, иако двете страни нагласуваат дека средбата не е формално „ресетирање“ на односите.