Златниот медал за Бразил

23.12.2013 11:34

Ракометарките на Бразил се новите светски ракометни првенки. Во финалето во Белград ја совладаа Србија со 22: 20 (13: 11)

Ракометарките на Бразил се новите светски ракометни првенки. Во финалето во Белград ја совладаа Србија со 22: 20 (13: 11)

„Кариоките“  се големата сензација во светот на женскиот ракомет, иако  резултатски супериорно го освоија златниот медал со девет победи во исто толку натпревари. Во финалето пред 20 000  фанатачни домашни навивачи Бразилките ја извојуваа решевачката победа против репрезентацијата на Србија. Најефикасна во финалето беше Насцименто со 6 голови, по 4 постигнаа Да Силва и Родригез. Во составот на Србија Цвијиќ беше стрелец на 5 гола, по 4 постигнаа Лекиќ и Дамјановиќ.

Втор пат во историјата на светските првенства титулата оди надвор од Европа, прв пат вредниот трофеј патува во Јужна Америка.

Во натпреварот за бронзениот медал Данска ја совлада Полска со 30: 26 (12:15).