Пазарите на енергенсите кои се под надлежност на Регулаторната комисија, функционираат стабилно
Заклучно со 31-ви декември, минатата година, издадени се 1.350 активни лиценци за производство на електрична енергија, со вкупен капацитет од 3.163 мегавати, вели директорот на Регулаторната комисија, Ацо Ристов...

Пазарите на енергенсите кои се под надлежност на Регулаторната комисија, функционираат стабилно, покажува последниот годишен извештај. Во него, се нотира дека во Македонија има градби и развој на нови енергетски објекти, коишто даваат стабилност на енергетскиот систем. Заклучно со 31-ви декември, минатата година, издадени се 1.350 активни лиценци за производство на електрична енергија, со вкупен капацитет од 3.163 мегавати, вели директорот на Регулаторната комисија, Ацо Ристов.
Извештајот покажува и стабилна испорака на нафтени деривати, во прв ред од Грција, чија сигурност дополнително се зајакнува со ставањето на функција на продуктоводот. Регистриран е и раст на продажбата на нафтени деривати, за речиси 5%, што укажува на раздвижување и развој на стопанството, вели Ристов. Додава дека пазарот на гас, од друга страна пак, не е доволно развиен и има мала потрошувачка и мал број на корисници, трговци и снабдувачи.
Во однос на водените ресурси, пак, Ристов вели дека бројките во делот на загубите на вода се алармантни и изнесуваат 63%. Регулаторната комисија постојано им укажува на сите инволвирани институции, посериозно да се заложат за овој ресурс, кој ќе стане доминантен во периодот пред нас, велат од таму.
Марија Котовска
