Фудбал – Лига на шампиони

Милано домаќин на финалето во ЛШ 2016

19.09.2014 15:35

УЕФА донесе одлука финалето на фудбалската Лига на шампионите во сезоната 2015/16 да се игра во Милано на стадионот на Интер и на Милан, „Џузепе Меаца“.
 
На овој стадион се одиграни три финалиња во еминентната европска конкуренција. Во 1965 титулата ја освои домаќинот Интер, пет години подоцна Феенорд славеше а во најскорешниот финален меч во 2001-та пехарот го подигна Баерн Минхен кој во возбудлива пресметка  ја победи Валенсија.
 
Финалето 2016-та во УЕФА ЛЕ ќе се игра во Базел, додека домаќин на европскиот Супер Куп ќе биде норвешкиот Трондхајм.