МВР

Приведени 18 возачи за безобѕирно возење, дел без дозвола и под дејство на алкохол

07.05.2026 14:32

Полицијата во изминатото деноноќие лишила од слобода 18 возачи поради безобѕирно управување возило. Најголем дел од нив возеле без возачка дозвола, а кај дел биле утврдени и други прекршоци, меѓу кои возење под дејство на алкохол и поседување дрога.

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територијата на државата лишиле од слобода 18 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило.

Според информациите од МВР, 16 од приведените управувале возило без возачка дозвола, додека двајца возеле и покрај активна забрана за управување.

Во Скопје биле приведени осум возачи, од кои двајца биле малолетници. Тројца возачи биле лишени од слобода во Гевгелија, двајца во Кичево, а по еден во Тетово, Радовиш и Дебар.

Кај еден од возачите во Скопје била пронајдена марихуана, додека кај возачот во Тетово биле измерени 1,46 промили алкохол во крвта.

Дополнително, по еден возач во Скопје и Кичево управувале возило и покрај изречена активна забрана.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Воедно, апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да не управуваат возило без дозвола, под дејство на алкохол или во услови на изречена забрана.