Макроекономски проекции

Народна Банка: Годинава инфлација од 4 отсто и раст на БДП од 3,5 отсто

07.05.2026 18:00

Според најновите макроекономски проекции, инфлацијата ќе се намалува побавно од претходните очекувања, а економскиот раст ќе се потпира пред сè на инвестициите и инфраструктурните проекти. Домашната економија ќе продолжи умерено да закрепнува...

Инфлација од 4% и раст на БДП за 3,5%, очекува Народна банка за годинава. Според проекциите, македонската економија умерено ќе расте и во наредниот период, но сериозен ризик останува глобалната неизвесност, геополитичките конфликти и нестабилните цени на енергенсите.

Според најновите макроекономски проекции, инфлацијата ќе се намалува побавно од претходните очекувања, а економскиот раст ќе се потпира пред сè на инвестициите и инфраструктурните проекти.

Според проекциите, инфлацијата во 2027-ма би се намалила на околу 3%, а на среден рок би се вратила кон историскиот просек од 2%.

Домашната економија ќе продолжи умерено да закрепнува. За годинава, наспроти прогнозираниот раст на бруто-домашниот производ од 3,5%, во 2027 година економскиот раст би достигнал 3,8%.

Банкарскиот сектор останува стабилен и обезбедува поддршка за економијата. Во првиот квартал од годинава кредитната активност пораснала за 13,1% на годишно ниво, иако до крајот на годината се очекува умерено забавување. Растот на депозитите, пак, според централната банка, покажува дека довербата во банкарскиот систем останува стабилна.

Борис Грујоски