Демографија

Владата ја претстави новата демографска стратегија

07.05.2026 18:17

Не придонесувајте во туѓи економии – иднината на вашата татковина се гради дома, порака на премиерот Мицкоски од Регионалната министерска конференција насловена „Предводење на промените: патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето“, што се одржува во Скопје во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНФПА, под покровителство на Владата.

Инвестиција во човечкиот капитал, поддршка на семејствата и младите, инклузивно општество и поволна средина за инвестициите од дијаспората, се четирите столба на кои се потпира демографската стратегија на Владата. Ја претстави премиерот Мицкоски на Rегионалната конференција посветена на ова прашање.

Подразбира квалитетно образование и достапно здравство и можност граѓаните иднината да ја градат дома.

Негативните демографски трендови се најизразени во источна Европа, констатира министерот Лимани. За 30 години, бројот на луѓе во овој дел од светот опаднал за третина.

Анализите покажуваат дека бројот на жители на стариот континент постепено ќе опаѓа.

Анита Димитријевска - Велковска