Технологијата, знаењето и дигиталната трансформација- клучни за економскиот развој и конкурентноста
Соработка со Германија, бизнисот и глобалните предизвици. Во Скопје се одржува Совет на германско-македонската стопанска комора.

Применетите технологии и дигитализацијата како двигатели на економскиот развој во фокусот на бизнис-форумот. Економската моќ не е само во ресурсите туку и во знаењето и дигиталната трансформација – порача премиерот Христијан Мицкоски пред македонските и германските стопанственици.
Целта е да се изгради силна и предвидлива економија конкурентна на европските пазари. Токму затоа Владата посветено работи на минимализирање на административните бариери, инфраструктурните проекти и градење бизнис клима.
„Македонија има голем потенцијал, но неопходно е континуирано инвестирање во иновации, квалификација и дигитална инфраструктура“, вели Антје Ванделт-директорка на АХК.
Околу 22 проценти од вкупниот извоз на земјава е од областа на информатичко комуникациските технологии, што ја прави Македонија атрактивна производствена и инвестициска дестинација. Минатата година земјава увезе ИКТ услуги во вредност од 197 милиони евра, а извезе за 438 милини евра.
Марина Стојанова-Тонева
