Ден на полицијата

Тошковски: Криминалот е на најниско ниво во последните 20 години

07.05.2026 16:28

Македонската полиција останува клучен столб на безбедноста, стабилноста и владеењето на правото – министерот Тошковски на одбележувањето на Денот на полицијата. Криминалот е на најниско ниво во последните 20 години. Никој не е над законот, без селективност, без привилегии и без компромис – вели првиот човек на Бирото за јавна безбедност.

Покажавме дека државата има капацитет да се справи со криминалот, уапсени над 20 криминални групи со вклучени над 200 лица, за 6 проценти намален криминалитет, зголемена ефикасноста во МВР, најголема во изминатите 20 години. Првиот човек на институцијата го презентираше сработеното посочувајќи дека проектот „Безбеден град“ ги дал очекуваните резултати.

Сигурни улици, силни институции, нула толеранција за криминалци-нашата мисија е да им служиме и да ги заштитиме граѓаните, вели првиот човек на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. На своите колеги им порачаа дека не се вечни, ниту нивните позиции, ниту привилегиите кои ги уживаат, туку нивната работа е да носат одлуки во тешки времиња.

На одбележувањето на Денот на полицијата беа доделени плакети за најдобрите од редовите на полицијата.

Со една минута молк им се оддаде почит на полициските службеници кои ги загубија животите вршејќи ја својата должност и кои треба да служат како вечна инспирација за своите колеги.

Викторија Милевска