Случај „Шпион“: Пресуда на 6-ти октомври

19.09.2014 15:50

На 6 октомври ќе биде изречена пресудата за најголемата шпионска афера во Македонија. Обвинетите ги дадоа завршните зборови и побараа ослободителна пресуда. 

Поранешниот директор на Дирекцијата за перење пари, Ване Цветанов рече дека зад неговото вмешување во аферата стои новинарот Зоран Божиновски кој е во екстрадициски притвор.

Обвинетиот Марјан Маџовски пак рече дека не бил дел од злосторничко здружување туку е жртва на поранешниот разузнавач Ефремов кој, според него, му се заканувал дека ќе го смени од местото Шеф на кабинет на претседателот на Собранието.

Во судскиот процес се обвинети 19 лица. Се товарат за злосторничко здружување, шпионажа, злоупотреба на службената положба и уцена.