Временска прогноза
Претежно облачно со врнежи од дожд
08.05.2026 08:08
Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачат од 15 до 21 степен.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер.
