Скопје

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на првата сезона на Плазма спортските игри за млади

08.05.2026 08:26

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе има свое обраќање на свеченото отворање на првата сезона на Плазма спортските игри за млади на Плоштадот „Македонија“ во Скопје...

На Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Плазма – Спортските игри за млади“ на кои ќе учествуваат над 27.000 деца од целата држава. Свое обраќање ќе има премиерот Христијан Мицкоски. Во присуство на високи државни претставници, спортски легенди, амбасадори на Игрите, институции, партнери и илјадници деца, Македонија и официјално станува дел од големото семејство на Плазма Спортските игри за млади.

Освен Мицкоски на настанот ќе се обратат и министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Плазма спортските игри за млади Здравко Мариќ и претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија Елена Мицковска.

Плазма спортските игри е најголема младинска спортска манифестација која веќе 30 години организира спортски натпревари за деца од 6 до 18 години. Досега во игрите учествувале над 3.440.000 деца.