Украина

Во сила примирје за одбележување на 9 мај

08.05.2026 09:52

Примирјето што го прогласи рускиот претседател Путин по повод Денот на победата стапи во сила и ќе трае до 10 мај...

Примирјето што го прогласи рускиот претседател Путин по повод Денот на победата стапи во сила и ќе трае до 10 мај. Зеленски порача дека Украина сака траен мир, а не паузи за паради, и предупреди странски делегации да не одат во Москва.

„Русија сака дозвола од Украина да ја одржат својата парада – за да можат безбедно да одат на плоштадот еден час еднаш годишно, а потоа да се вратат на убивање наши луѓе и водење војна. Чудна и извртена логика од руското раководство“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

Русија годинава ќе го одбележи 9 Мај без традиционална воена техника поради безбедносни ризици и украински напади. Кремљ предупреди на одговор при прекршување на примирјето.

„Се преземаат сите мерки за да се минимизира опасноста поради терористичката закана“, изјави Дмитриј Песков – портпарол на Кремљ.

Зеленски е во комуникација со САД, додека Москва оценува дека трилатерални преговори во моментов не се можни. ЕУ, пак, најавува подготвеност за идни разговори со Русија.