„Дау Џонс“: Hoffmann – La Roche мeѓу најстабилните здравствени компании
19.09.2014 16:00
Овој индекс ја рангира компанијата Hoffmann- La Roche во групата на првите 10 % од компаниите од сите испитани индустрии...

Компанијата Hoffmann – La Roche е повторно рангирана помеѓу најстабилните здравствени компании според индексот за стабилност на Дау Џонс.
Во последните шест години, компанијата Hoffmann- La Roche е препозната според индексот за стабилност на Дау Џонс (DJSI) како лидер во секторот за одржување на стабилност во областа на фармацевтската, биотехнолошката и научната индустрија. Овој индекс ја рангира компанијата Hoffmann- La Roche во групата на првите 10 % од компаниите од сите испитани индустрии.
Во проценката за оваа година на DJSI, компанијата Hoffmann -La Roche е рангирана со најмногу бодови во индустријата во неколку области. Во оваа проценка беше вклучен начинот на кој што компанијата Hoffmann La Roche постапува со клиентите, со дистрибуцијата како и начинот на кој што компанијата помага да се адресира проблемот во здравствената заштита преку квалитетот на своите производи и услуги.
Hoffmann – La Roche исто така е рангирана со најмногу бодови во врска со ангажирање во речиси секое прашање за вработените, вклучувајки го и напредокот на вработените, почитување на човекови права како и привлекување и задржување на добри таленти.
„Голема награда е за нас, е што Hoffmann- La Roche продолжува да биде препозната како најстабилна компанија во нашата професија. Од своето основање пред речиси 120 години, начинот на работа беше воден според принципите на стабилност и долгорочно планирање“, изјави Северин Шван, генерален директор на компанијата Hoffmann – La Roche.
„Остануваме посветени на континуирана иновација како наш најголем придонес на општеството и стабилна иднина за сите нас“, дополни тој.
Компанијата Hoffmann -La Roche е најголема светска био-технолошка компанија, со точно диференцирани лекови во облaста на онкологијата, имунологијата, за инфективни заболувања, за офтамологија и неврологија. Компанијата Hoffmann – La Roche е исто така лидер во in vitro дијагностиката, дијагностика на ткивна детекција на канцер и лидер во менаџмент на дијабетисот.
