Македонија

Започна „Генералка викенд“ илјадници волонтери чистат низ државата

08.05.2026 11:06

Генералка викенд, која годинава обединува десетици илјади волонтери од 80 општини, повеќе од 600 организации, јавни институции, приватни компании и над 250 државни институции...

Денеска започна најмасовната еко-акција на Балканот – GENERALKA WEEKEND, која годинава обединува десетици илјади волонтери од 80 општини, повеќе од 600 организации, јавни институции, приватни компании и над 250 државни институции.

На отворањето присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Рози Мицкоска, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерот за животна средина Муамер Хоџа и заменичката министерка Ане Лашкоска.

Акцијата испраќа силна порака дека чистата животна средина е заедничка одговорност и дека секој има улога во грижата за својата улица, маало, град и држава.

Освен во Скопје, акцијата се реализира на 500 локации низ Македонија, како доказ дека со добра организација, волја и грижа за татковината може да се направат големи промени.

Чистотата на главниот град останува еден од врвните приоритети. Скопје е дом на стотици илјади граѓани и затоа треба да биде чист, уреден и достоинствен град.

Јавните претпријатија и екипите на терен секојдневно работат на одржување на хигиената, а во наредниот период ќе следува и кампања за подигнување на јавната свест за правилно одлагање отпад и зачувување на јавните површини.

Упатен е повик до граѓаните за поодговорно однесување и заедничка грижа за животната средина.

Само заедно може да се изгради чисто, уредно и достоинствено Скопје – град каков што заслужуваат сите граѓани, стои во соопштението од Орце Ѓеорѓиевски.