МВР

Новиот закон за внатрешни работи ќе се применува по изборите

08.05.2026 11:54

Одложена примената на новиот Закон за внатрешни работи и измените на Законот за полиција. Министерот Тошковски рече дека тие ќе стапат во сила по завршувањето на следниот изборен процес...

Одложена примената на новиот Закон за внатрешни работи и измените на Законот за полиција. Министерот Тошковски рече дека тие ќе стапат во сила по завршувањето на следниот изборен процес.

Ваквиот потег следува по обвинувањата од СДСМ дека полицијата се партизира и дека новиот закон е противуставен.

„Целта е, изборниот процес да се одвива според истите правила кои важеле и досега, без можност опозицијата да тврди дека законските измени влијаеле врз условите за избори, за да не им дозволиме во тоа да бараат алиби кое би го оправдало нивниот дебакл на наредните парламентарни избори“, вели министерот Тошковски.

Од СДСМ, пак, порачуваат дека е ова победа за професионалната и чесна полиција и потсетуваат дека претходно, партијата поднесе иницијатива до Уставниот суд за да ја блокира партизацијата на МВР.