Македонија има добра правна рамка во борбата против трговијата со луѓе
Силување, тортура, закани. Околу 800 илјади луѓе се предмет на трговија годишно. 32 милјарди долари е профитот од трговија со луѓе. Ова се проценките на Меѓународната организација за миграции. Слична е состојбата со трговија со луѓе во државите од регионот. Ги има сексуалната, трудовата експлоатација и питачењето.
Македонија има добра правна рамка и акциски планови за борба против трговијата со луѓе, а функционираат и засолништата каде престојуваат жртвите.

Идентификацијата на жртвата на трговија со луѓе, важен чекор во борбата против оваа појава, но и засилена координација и соработка на засегнатите страни е заклучокот на истражувањето Меѓународната организација за миграција.
Препорака за Македонија да ја подобри работата и улогата на трудовата инспекција во идентификацијата, и да им се дозволи на организациите да работат независно при формалната идентификација. Погрешна е таа перцепција, тврди Заменик Национален координатор за борба против трговија со луѓе, Санде Китанов.