Култниот мјузикл „Ла Мама“ за старт на Младиот отворен театар
Селектирана е богата фестивалска понуда на реномирани домашни и странски продукции...

Со култниот бродвејски мјузикл „Ла Мама Кантата“ се отвора 39-то издание на Младиот отворен театар. До 26-ти овој месец на седум различни локации низ метрополата, перформансите на атрактивните уметници ќе ги задоволат вкусовите на сите посетители.
„Со Ла Мама Кантата се слави животот на основачката на њујоршиот театар Елен Стјуард, историјата на театарот и начинот на кој таа ги учела членовите како да го сакаат театарот како начин на живеење. Тој е основан во 60- тите години на минатиот век и е еден од најуспешните Оф- Бродвеј театри. Ла Мама е експериментален клуб театар и единствен во Њујорк којшто успева да биде интернационален примајќи ги тие кои сакаат да играат во претстави“, вели Крис Кукол – музички режисер и диригент на Ла Мама.
Селектирана е богата фестивалска понуда на реномирани домашни и странски продукции. Ќе гостуваат театри од Италија, Белгија, Мексико. Љубителите на добрата театарска претстава ќе можат да ги погледнат и претставите „Алексис“, „Јас сум“ и „Контрола“. Организаторите најавуваат дека ова ќе биде најуспешното издание на фестивалот досега.
Сања Спиридонова
