Почна шестата еко-акција „Генералка викенд“
Македонија без смет. Почна шестата еко – акција „Генералка викенд“. Во овие три дена се чисти на над 500 локации во 80 општини. Мотото исто – „Да се извалкаме и да исчистиме“. А, за чистење има многу, имајќи ја предвид нашата колективна неодговорност за заштитата на животната средина...

Пластични шишиња, расфрлан отпад, преполни контејнери и диви депонии. Ова е сликата која со години ја гледаме низа земјава. Граѓаните се фатија за метла – на над 500 локации во 80 општини се спроведува големата акција „Генералка викенд“.
„Надлежните велат-колку и да се трудиме, ако граѓаните не ја третираат животната средина соодветно, ако отпадот не се одлага таму каде што треба, нема да го постигнеме заедничкиот ефект“, велат анкетирани граѓани.
Во акцијата се вклучи и претседателката Сиљановска – Давкова.
„Генералка викенд“ се одржува од 2021 година.
И додека едни чистат други и понатаму фрлаат отпад каде ќе стигнат. Прашањето останува, дали ќе чистиме само еден викенд или во текот на целата година и кога ќе научиме дека Македонија не е депонија.
Ана Јосифоска
