Кадровски се зајакнува Комисијата за управна постапка
Овој самостоен орган бара 32- ца нови службеници. Огласот за кадровско засилување ќе биде објавен утре...

Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен има доста работа. Се жалат 8000 луѓе годишно. Оттаму велат дека, 40 до 50 проценти од жалбите се уважуваат.
„Најмногу предмети се од областа на социјалната политика, односно предметите од пензиско и инвалидско осигурување, а исто така имаме жалби и за приватизација“, рече Ирена Брзанова, претседател на државната комисија.
Овој самостоен орган бара 32- ца нови службеници. Огласот за кадровско засилување ќе биде објавен утре.
„Станува збор за двајца државни службеници, двајца раководители на сектор, 10 помошници раководители на сектор, 12 раководители на одделение и 6 советници“, вели Ирена Брзанова, претседател на државната комисија.
Носењето на новиот Закон за општа управна постапка треба да ја зајакне улогата на Државната комисија. Особено со обврската веднаш да го реши предметот којшто еднаш бил вратен од друг повисок орган.
Наташа Јанчиќ
