Временска прогноза
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
09.05.2026 08:20
Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови.
