Кочани

42-ри марш за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“

09.05.2026 09:35

Здружението „16 март“ повикува на поддршка од граѓаните во барањето правда за починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ како и поддршка на повредените.

42 – от марш на ангелите денес ќе се одржи во Кочани. Здружението „16 март“ повикува на поддршка од граѓаните во барањето правда за починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ како и поддршка на повредените.

Маршот ќе започне во 17 часот и пет минути од Паркот на револуцијата.

„На ден кога Европа зборува за вредности, а светот за победа над фашизмот — прашуваат: што вреди секоја декларација, ако човечкиот живот остане без правда? – стои во објавата на Здружението „16 март“.

Посочуваат дека ќе чекорат достоинствено и гласно за да потсетат дека 63-те ангели заслужуваат вистина, достоинство и правда.