Делегацијата на ЕУ во Македонија ќе го прослави Денот на Европа
„Наша Европа, заедно посилни“, делегацијата на Европската унија во Северна Македонија ќе го прослави Денот на Европа. Програмата вклучува низа активности и свечености...

Од слоганот „Наша Европа, заедно посилни“, делегацијата на Европската унија во Северна Македонија ќе го прослави Денот на Европа. Програмата вклучува низа активности и свечености организирани во соработка со мрежата на Куќата на Европа и локалните власти низ целата земја.
Во градскиот парк во Скопје којшто ќе се трансформира во европски јавен простор со еко-бизниси, локална храна, игри на отворено од земјите-членки на ЕУ и целодневна музика.
Локалниот Младински совет Кочани ќе има активност за сликање на мурали со млади креативци во срцето на градот.
Во текот на месец мај, ќе се одржат многу настани во различни градови низ целата земја, вклучувајќи концерти во Битола, филмски вечери во Кочани, велосипедска тура околу Охридското Езеро, студентски саем во Штип, размена на книги во Тетово, садење дрвја во Велес, заокружувајќи со младински настан во Гевгелија на 23 мај.
